Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите “Златна арена“ на 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал, што годинава се одржува 11 до 18 јули.
Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов, од „Фокус Покус Филмс“, реализирана е меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција “4Филм“ и Хрватскиот нацинален аудио-визуелен центар.


Мотото на годинешното издание на фестивалот е “Филм под ѕвездите“. Основан во далечната 1954-та година, Пулскиот филмски фестивал, инаку еден од најреномираните во регионот, континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот.
Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата на фестивалот се трасформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватските продукции и копродукции, како и за интернационалната селекција.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.