Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Таа е и автор на текстот и на музиката, за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот на песната се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.
Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, како Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска и уште многу други хероини који со задоволство прифатија да бидат дел од проектот.
Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка…
„Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која постојано учи како да стане, после многубројните падови што ги носи животот. Песната и видео записот се на следниот линк: