NEOM, мега-проектот на Саудиска Арабија ги престави футуристичките облакодери во шестиот регион, наречен Epicon, сместени во крајбрежјето на заливот Акаба. Дизајнирани од архитектонското студио 10Design, кулите со необични облици ќе бидат обложени со челики со димензии 225 метри во широчина и 275 метри во височина.
Epicon има за цел да ги редефинира стандардите за гостопримство и архитектура. Во облакодерите ќе биде сместен хотел и луксузни апартмани.

https://www.neom.com/en-us
Во близина, одморалиштето Epicon вклучува 120 соби и 45 вили на плажа, комбинирајќи го крајбрежниот одмор со врвни удобности. Epicon е дизајниран да биде засолниште од стресното секојдневие, обезбедувајќи од врвна кујна до спортови на вода.
Целта на Epicon е да го редефинира високо-квалитетното живеење со беспрекорно спојување на врвниот дизајн и првокласни услуги.


NEOM е проект за прекуграничен развој на региони кои треба да прераснат во нов град во Саудиска Арабија. NEOM е замислен како футуристички, одржлив град лоциран во северозападниот регион на кралството. Во октомври, Zaha Hadid Architects ги откри плановите за впечатлив облакодер што наликува на кристал, висок 330 метри и се наоѓа во ски-центарот Тројена, како дел од NEOM.
NEOM годинава учествуваше и на 18-та меѓународна изложба за архитектура – La Biennale di Venezia, презентирајќи го концептот и еколошките стандарди што го водат дизајнот на „The Line“, нивниот предложен линеарен град долг 170 километри./M.M.

You may also like

Comments are closed.