„Безвременски прикаски” е музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на писателот Франц Кафка.
Во кореографија и режија на Ирена Лозинска, премиерата на проектот “Безвременски прикаски” ќе се одржи утре (среда), втори октомври, во Младинскиот Културен Центар – MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот.


“Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери, преку танцови форми и техники, ги оживуваат приказните на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. За визуелните ефекти е задолжен Доријан Миловановиќ, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска атмосфера.


Во претставата учествуваат: Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска. Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.
Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.