Hublot

Hublot, швајцарскиот производител на луксузни часовници  е поддржувач на бројни социјално одговорни проекти од кои последниов е штотуку промовиран. Се работи за нова гравура на Hublot класик часовникот, претставена и на посебно видео:

Надворешната страна на часовникот е дизајн и дело на уличниот уметник Shepard Fairey. Неговиот знак, „Star Gear“ е суптилно врежан во центарот на часовникот. Верно на стилот на Fairey, дизајнот убаво го меша украсниот симбол со урбаната уметничка форма. „Сакав да ја интегрирам уметноста на мандалата во објект, бидејќи, за мене, ова предизвикува врска помеѓу внатрешното јас и надворешниот свет“, стои во соопштението за печатот. „Моќен концепт што треба да се разгледа кога гледате часовник и размислувате за времето.“

Shepard Fairey

Уметникот избра да донира дел од средствата на Амнести Интернешнл, невладина организацијата која е во согласност со темата за гравирање на часовникот, за глобално и културно единство.

Во претставувањето во Hublot компанијата истакнуваат дека во тесна соработка со партнерите, создаваат иновативни, провокативни и уникатни часовници. Со текот на годините, нивниот колаборативен пристап со индустриски лидери, спортисти и личности има поттикнато создавање на навистина неверојатни производи. ” Уметноста на фузијата е во срцето на сè што правиме во Hublot, и тоа се однесува на нашите производи, R&D, како и на соработките, што помагаат да се објасни длабокото и разновидно портфолио на партнерствата на брендот„.

Shepard Fairey

„Hublot часовникот е рафинирана занаетчиска  изработка, а за мене е она што е во мојата уметност: да направам се што е потребно за да создадам визуелен карактер што мислам дека е важно да се создаде“, истакнува Shepard Fairey во соопштението по повод претставувањето на неговата гравура на Hublot часовникот.

Hublot, швајцарскиот производител на луксузни часовници, основан во 1980 година од италијанецот Carlo Crocco, е дел LVMH корпорацијата . Посветува особено внимание на општествената одговорност./M.M.

Hublot

Hublot

 

You may also like

Comments are closed.