ЗдравјеУбавина и здравје

Трите црвени знамиња за недостиг на витаминот Б 12

Витамин Б 12

Експертите предупредуваат на три „црвени знамиња“ на кои треба да се внимава, а за кои основната причина е недостатокот на витаминот Б 12.

Трите црвени знамиња се: трнење во рацете и нозете, замор и „матен„ мозок / губење на меморијата.

Доколку препознаете некое од овие „црвени знамиња“ препорачливо е да се направи тест на крвта.

Medical News Today во текстот посветен на ова прашање посочува и дека недостигот на витаминот  може да услови нестабилност при одењето, и дека доколку не се лекуваат, некои од симптомите на недостаток на витамин Б12 можат да станат трајни.

Сето е причина за сериозен пристап и внимание кон овој витамин.

Витаминот Б12 (познат и како кобаламин) спаѓа во група витамини кои човечкото тело неможе да ги произведува самостојно. Растенијата не содржат витамин Б12, затоа примарен извор на овој витамин е храна од животинско потекло. Витамин Б12 може да се депонира во организмот, а негови добри извори се риба, школки, млечни производи, црн дроб, бубрези, јајца итн.

Недостаток на витамин Б12 во телото може да се појави во следниве случаи:

  • Кај вегетаријанци кои не јадат млечни производи и јајца и кај вегани – кои не консумираат производи од животинско потекло.
  • Кај болести кои доведуваат до слаба апсорпција на храната во цревата (недостаток на дигестивни ензими), гастритна инфекција со Helicobacter pylori, што доведува до чир на желудник.
  • По операции во кои се отстранува дел од желудникот или цревата.
  • При намалено производство на желудочна киселина, најчесто со долготрајна употреба на лекови кои го намалуваат нејзиното лачење.
  • Панкреатична инсуфициенција.
  • При алкохолизам.
  • Кај повозрасни лица, бидејќи со стареењето, се намалува.способноста за производство на дигестивни ензими.

 

За симптомите и последиците од недостаток на витаминот Б12

Благиот недостаток на витаминот Б12 е прилично честа појава, што предизвикува замор, отежнато дишење, дијареја, нервоза, трнење во рацете и нозете, а сериозен недостаток на витамин Б12 предизвикува невролошко оштетување, па дури и депресија. Се верува дека има голем број луѓе кои страдаат од благ недостаток на овој витамин, дури и без да бидат свесни за тоа.

Недостатокот пак во подолг временски период може да предизвика физички и ментални здравствени проблеми. Недостатокот на витамин Б12 или нарушена апсорпција на витамин Б12, можат да доведат до пернициозна анемија. Фолната киселина во комбинација со овој витамин е неопходна за формирање на црвените крвни клетки. Оттука, одржувањето на нивото на витамин Б12 е важно во спречување на анемија.

Витаминот Б12 е исто така важен за здравјето на нервните клетки и за производство на ДНК и РНК, генетскиот материјал на организмот.

Нивото на овој витамин може лесно да се регулира со здрава исхрана и додатоци. Во случај на намалено ниво, се препорачува да се земаат додатоци кои содржат Б12, а во потешки случаи, вашиот лекар може да препише инјекции на овој витамин./М.М.

You may also like

Comments are closed.