Мојата мода е да го доловам необичното онаму каде што се очекува обичното, вели Sabato De Sarno претставувајќи ја ѕвездата на неговата есенска колекција – чантата во облик на полумесечина.
Sabato De Sarno, италијанскиот моден дизајнер кој од минатата година е креативен директор на Gucci, не крие дека посакува да го промени начинот на облекувањето. Неговата визија за гардеробата на Gucci есенва подразбира јасна естетика: силуетите се рафинирани, зрачат со романтизам и посебна привлечност на сексипилот . Тоа особено е видливо во комплетирањето на силуетите: мини здолниште, високи чизни и – трендпт за сезонава – полумесечината на Gucci.
Чантата со облик на полумесечина е инспирирана од мотиви пронајдени во архивата на Gucci. Нудејќи современа привлечност, оваа заоблена форма на чантите, изработени во мека кожа, е прикажана во новите основни нијанси на модната куќа и со GG лого./М.М.
More in:Модни додатоци
Обетките во 2025 година: одржливи и храбри дизајни
Како и годинава, така и во 2025-та обетките ќе продолжат да бидат клучен моден додаток, ...
Fight, Fight, Fight – мирисот на победата на Donald Trump
Fight, Fight, Fight – новиот парфем на новоизбраниот претседател на САД, Donald Trump, што од ...
Versace со нова кампања за Медуза 95 Kleio чантата
Во најновата рекламна кампања посветена на Medusa 95 Kleio настапува Ningning, членka на K-pop групата. ...
Моќта на Burgundy чизмите
Burgundy чизмите се омилен тренд на есенските обувки, па есенва не е исклучок Burgundy чизмите ...