До вторник, 26 јануари 2021 година, додека ќе трае полугодишната распродажба, торбите, паричниците, часовниците и одделни комплети на брендот Мајкл Корс, ќе можат да се набават по цени намалени и до 70 проценти. Така на пример, чантите изработени од чиста кожа, од над 300 долари, сега се намалени и можат да се купат за помалку од сто долари, паричниците од 170 на околу 50 долари, а сличен е и попустот на машките и женски комплети.
Најдобрите дизајнерски чанти, што ќе се вклопуваат со секоја облека, се со цени од неколку стотици до неколку илјади евра. Торбите на Мајкл Корс важат за попристапни, а сепак со оригинален дизајн и извонреден квалитет, воглавно од кожата на италијанскиот бренд Сафијано.
Помислете на дизајнерските парчиња на Мајкл Корс и на овој начин: ако обожавате дизајнерски парчиња и ги носите долго време и со години, тие секогаш ќе бидат убавата и ценета инвестиција. /М.М.