Тони Матичевски е познат австралиски дизајнер, со македонско потекло. Со колекцијата што ја претставува за пред есен 2022, останува доследен на себе си: меланхоличната романса со доза класицизам е присутна и во ова издание, наменето за жените, но и за мажите.

Уметникот и романтичар, историчарот и футурист, моднот дизајнер Матичевски, балансира меѓу овие елементи цели две децении за да создаде елегнација што плени и возвишува, никогаш не стапнувајќи во носталгијата, иако таа сепак како да лебдее над неговите модели.

Тони Матичевски е дизајнер кој важи за еден од најдобрите во Австралија, познат по своите деликатни асиметрични кроеви.
Има извесна сета во колекцијата, но е далеку од тага, објаснува Toni Maticevski во претставувањето. Има и хармонија на светлина, темнина и нијанси што се спојуваат, надополнети со идејата дека сме во движење, како живи скулптури, како уметнички дела. Овде, каде што живееме, се претставуваме и треба да бидеме видени. Иднината е тука.
https://www.tonimaticevski.com/eu/look-book-pf2022

Овој талентиран дизајнер со македонско потекло е роден во Мелбурн, каде што неговите родители се преселиле пред половина век. Тони дипломирал на Кралскиот технолошки институт во Мелбурн, ја освоил наградата „Модна меѓународна група “, што резултирало во престижна понуда за работа со Дона Каран. Матичевски наместо во Њујорк, заминал за Париз, каде две сезони работел за брендот Черути, пред да се врати дома и создаде свој бренд. Уште на самиот почеток, неговата работа е забележана и препознаена по маестралниот, беспрекорен крој и смелата силуета што ја создава./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.