Bobe's bakery

Киноа е семе без глутен што потекнува од Јужна Америка, од регионот на Андите. Тој е фантастичен извор на протеини, влакна, витамини од групата Б и железо, а ги содржи и сите осум аминокиселини. Во диета без глутен, но и обична, може да биде совршен, вкусен додаток на разни јадења. Еве еден рецепт за тиквички полнети со киноа.

Потребни состојки:

  •   четири  тиквички
  •   100 гр. киноа
  •   Морков, исечкан на тенки ленти, или, изрендан
  •   Кромид, исечкан
  •   2-3 лукчиња
  •   два изрендани домата
  •   половина китка исечкан магдонос
  •   100 гр. моцарела
  •   масло, сол, зачинал и бибер.

Подготовка:

Во 200 мл. зовриена вода и прстофат сол, се става киноата 10 минути – да поврие, потоа се тргнува од оган и се затвара со капак. Измиените тиквички се сечат на половина по должина. Со лажиче се вади срединиот дел.

Во тава со масло се пропржуваат кромидот и морковите, се додава средниот дел изваден од тиквичките. Се додаваат зачинал, бибер и сол по вкус, како и сварената киноа. Се промешува и се додава магдоносот.

Во тава се редат тиквичките, се полнат со смесата, а врз нив се става сосот од домати. Се става вода во тавата (околу 2 цм) и се става на печење во загреана рерна на 220Ц, околу 15 минути.

Потоа се вадат се покриваат со моцарелата и се ставаат уште пет минути, за да се стопи моцарелата. Се служат со топка кисела павлака.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

You may also like

Comments are closed.