Постојат голем број рецепти за подготовка на торта со тиква, позната и како тикварник. Ви го претставуваме нашиот, едноставен и лесен традиционален рецепт за тикварник, со наши додатоци со кој ќе добиете необичен вкусен десерт.

Bobe’s bakery

Потребни состојки:
Кило варена и пасирана тиква, три јајца, 150 гр. шеќер, 40 мл. масло, ½ лажичка прашок за печење, кесичка ванилин шеќер, лажица брашно, ½ лажичка цимет, ¼ лажичка мускатно оревче, ¼ мелено каранфилче, млеко по потреба.
Фил: 100 гр. крем сирење, 50 гр. шеќер во прав, две лажици варена тиква и 150 мл. слатка павлака изматени.

Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, им се додава тиквата и маслото и се матат до изедначување на смесата. Кога се убаво соединети, се додава прашокот за печење, циметот, мускантното оревче, каранфилчето и брашното и се мешаат со лажица. Смесата се става во намастено тавче и се пече дваесетина минути во рерна загреана на 220 степени.
Оладеното тесто се премачкува со тенок слој фил. Врз него се става изматена слатка павлака. Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

 

Bobe’s bakery