Доколку омилените слатки ги замените со црно, односно темно чоколадо – освен што веројатно ќе внесувате помалку калории, ќе бидете подобро расположени и ќе направите нешто добро за своето здравје.
Од сите видови чоколадо, црното, односно темното, со причина се смета за најздраво. Темното чоколадо содржи најмалку 50 проценти какао, наспроти млечното чоколадо, во кои има од 25 до 30 проценти какао.
Темното чоколадо е промовирано во здрава храна поради високата концентрација на флавоноиди – моќни антиоксиданси кои можете да ги најдете и во чајот, црвеното вино и јаболката, но во многу помали количини. Антиоксидансите се важни бидејќи ги штитат клетките и ткивата од ефектите на слободните радикали, нестабилните молекули кои ги уништуваат клетките.
Темното чоколадо содржи значителни количини на магнезиум и бакар. Околу 40 грама темно чоколадо обезбедува 15 проценти од сите дневни потреби за магнезиум, минерал важен за производство на енергија, силни коски, обновување на мускулите и пренос на нервните импулси. Истата количина обезбедува 34 проценти од дневните потреби за бакар, кој помага телото да произведува невротрансмитери, а со тоа и ефикасно да го поддржува кардиоваскуларното здравје. Темното чоколадо содржи и фосфор, калиум и железо.
Ја штити и подобрува циркулацијата: докажано е дека конзумирањето на темно чоколадо го проширува дијаметарот на коронарните артерии, со што срцето полесно го прима потребниот кислород.
Спречува артериосклероза: Флавоноидите од темното чоколадо ги неутрализираат слободните радикали и ја разредуваат крвта.
Течното чоколадо го зголемува нивото на добриот ХДЛ холестерол. Секое нагорно поместување на содржината на HDL холестерол значи и помали шанси за кардиоваскуларни болести.
Го подобрува расположението, поттикнувајќи го производството на серотонин, попознат како хормон на среќата.
Темната или црна чоколада содржи 520 kcal/100g. Затоа, не треба да се јаде во големи количини, особено за луѓе кои имаат висок БМИ. Најдобро е да земате од 40 до максимум 80 грама неделно.
Според руските нутриционисти, дневно може да се јадат до 20 грама темно чоколадо, со 70 проценти какао во него./М.М.