Нашиот интернационален модел Татјана Тати Јанушева веќе три години работи во најголемите модни центри, па и со најдобрите светски брендови. Неодамна и тоа по трет пат беше ангажирана
да работи кампања за брендот Tally Weijl.
На Јанушева светската кариера и ја води една од најдобрите менаџерки и букери, Јелена Ивановиќ од Белград, во соработка со нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Досега има работено на значајни модни кампањи за Miss Sixty, Stradivarius, Champion, Kiko Milano, како и за престижните модни магазини ELLE, PUMP, VANITY FAIR…
На светската модна сцена ја застапува агенцијата NEXT MODELS која има седишта во сите позначајни модни центри како Милано, Париз, Лондон, Мајами и Њујорк. Во моментов нашиот модел работи во Лондон на неколку исклучително значајни проекти.
Моделс ИН Менаџмен