Во новата кампања на популарниот бренд за облека Bershka, едно од заштитните лица е и нашиот интернационален модел Татјана – Тати Јанушева. Целата кампања е работена на улиците на Лондон со цел да се претстави динамичноста и урбаноста на младите луѓе.
Јанушева одлично се вклопи во светската модна сцена каде веќе има работено со врвни дизајнери и многу различни брендови. За нејзината кариера се грижат Јелена Ивановиќ ( JS Management ) и реномираната светска агенција NEXT Management. Според нејзината матична агенција Моделс Ин од Скопје, Татјана – Тати Јанушева е навистина еден од ретките наши модели со веќе изградено респектабилно портфолио зад себе./М.М.

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.