Нашиот интернационален модел Тати Јанушева последниве месеци престојуваше во најголемите модни центри: Париз, Лондон, Милано и Мадрид, кадешто работеше на повеќе капањи и едиторијали. Најново од Јанушева е кампањата реализирана во Милано за светскиот бренд Tod’s и ексклузивните нови линии за обувки и чанти.

Татјана – Тати веќе има изградено богато портфолио, со врвни брендови меѓу кои се: Sportmax, Prada, Miss Sixty, Champion, Fila, како и Tally Weijl. Под ексклузивен договор е со светски – реномираната агенција NEXT Management која одлично ја застапува на интернационално ниво.
Нејзината светска убавина и секако одговорноста како искучителен модел ја сместија во самиот зенит на светската модна сцена. Маестрална и неповторлива Тати е нашата гордост, велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.