Асаи Бери

Супер-храната подразбира храна со висока концентрација на вредни состојки, пред се минерали, витамини и есенцијални аминокиселини. Супер-храната е нешто помеѓу храна и лекови. Според нивниот опис, тие повеќе личат на додатоци на лековити прехранбени производи, но сепак спаѓаат во посебна категорија. Супер храна се: корени, семиња, лисја, алги, бобинки, како и други делови од растенија кои се користат или во нивната природна форма, или во форма на прав, капсули, сокови и тинктури.

Најпознати „претставници“ на супер-храната се: гоџи бобинки, асаи, алги спирулина, хлорела, келп, семки од коноп, корен од мака, какао во прав и путер, чиа семе, кокосово масло, киноа, сок од трева од јачмен и пченица, лист од моринка, печурки и многу други.

Во овој прилог за супер-храната ќе стане збор за асаи, семки од коноп, сок од трева од јачмен.

Асаи Бери

Асаи Бери е  еден од најбараните природни производи во светот. Темно виолетовата бобинка, која расте во дождовните шуми на Бразил, е овошје најбогато со антиоксиданти и витамини и минерали, кои директно влијаат на зајакнување на имунитетот организмот .

Акаи бобинките помагаат да се постигне здрав сон, потоа телото да се ослободи од токсини, го смирува дијабетесот, го одржува нивото на холестеролот во нормални граници, го подобрува видот и го одржува правилното функционирање на целото тело.

Асаи Бери

Можеби уште поважно е што содржи ниацин. Ниацинот е подлога за АТП, што значи дека е основа за аденозин трифосфат, што е сопствено снабдување со енергија на организмот, односно еден вид гориво што нè движи. Ниацинот се наоѓа во огромни количини во акаи. Со користење на ова овошје, се случува практично да се троши помалку енергија, бидејќи телото има на располагање ниацин од акаи бобинките за производство на АТП.

Токму поради ваквото дејство, последниве години е многу популарна – како додаток во исхраната, во таблети, пудер, сокови или енергетски пијалоци. Се користи како суперхрана со лековито дејство, а неговиот состав влијае како превенција од многу болести, ја регулира телесната тежина, има корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем, штити од лесни инфекции, го одржува здравјето на кожата, обезбедува енергија и го забавува процесот на стареење.

Семки од коноп

Во научните трудови последниве години се посочува дека има доволно истражувања за да се потврди хипотезата дека семето од коноп има позитивен ефект врз срцевите заболувања. Сепак, авторите тврдат дека сè уште не знаеме точно колку семиња се потребни за да се појави овој позитивен ефект или како тие можат да се користат за терапевтски цели.

Други, претходни студии откриле дека семето од коноп може да има позитивен ефект врз егземата и може да залечи рани кога се применува локално.

Семки од коноп

Семките од коноп се со вкус близок до орев, можат да се јадат цели, излупени или мелени. Маслото се користи за разни сосови и преливи за салата, а за да не се изгуби својата хранлива вредност, не се препорачува да се користи за готвење.

На врвот на растението коноп, завиткано во цвет, растат цврсто кафеави семиња. Внатре во овие тврди семиња лежи меко, бело или светло зелено зрно богато со есенцијални аминокиселини, протеини и омега 3 масни киселини. Тие имаат корисен ефект врз работата на срцето, мускулната активност, меморијата, го намалуваат лошиот холестерол и триглицеридите, го подобруваат видот…

Неколку лажици семе од коноп содржат сериозна количина на есенцијални хранливи материи, лесни се за јадење и готвење и имаат пријатен вкус, нешто како комбинација на семки од сончоглед и ореви.

Благодарение на неговите антиоксидантни својства, штити низа болести меѓу кои и: од рак на дојка, дебело црево, простата и ректумот. Го намалува ризикот од ангина и воспаление, спречува задржување на водата и го регулира високиот крвен притисок.

Сок од трева од јачмен, овес, пченица…

Терминот “житни треви” се однесува на тревата одгледувана од пченица, јачмен, овес и ‘рж.

Житната трева се користи за сок кога ќе го достигне својот хранлив врв, односно кога е висока околу 18 см, односно стара 10 дена.

јачмен

Се смета дека сокот од житни култури е целосна храна, бидејќи содржи бета каротен и витамини Б, Ц, Е, Д, К, како и 90 различни минерали и 19 аминокиселини. Содржи повеќе железо од спанаќ, повеќе протеини од месо, риба, јајца, грав или млечни производи … со други зборови, ваков сок е природен еликсир за здравјето и животот.

пченица

Во продавниците за здрава храна требата од јачмен може да се најде во вид на прашок. Содржи над 100 хранливи материи и е одличен додаток во исхраната. Содржи 4 пати повеќе калциум од млеко, 2,5 пати повеќе витамин Ц од портокалите… Во два грама прав од јачменска трева има 2000 микрограми активен СОД (супероксид дисмутаза). Супероксид дисмутазата е активен протеински ензим со извонреден ефект во третманот по болести, ревитализација на организмот и забавување на процесот на стареење. Овој ензим го спречува дејството на слободните радикали. Ова чудесно растение ги содржи и сите есенцијални аминокиселини, кои нашето тело не може да ги создаде самостојно, но мора да се внесат преку исхраната и на тој начин да претставуваат целосен извор на протеини./М.М.

овес

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.