Годинешното, за прв пат дигитално издание на Forces of Fashion ( Сили на Модата ) на Вог е одржано на 16 и 17 ноември. Учесниците расправаа на актуелни теми и настани во постојните опкружувања, и дали во сето модата го наоѓа своето место. Се расправаше за новите начини на кои модата ја поттикнува одржливоста, транспарентноста и одговорноста во индустријата и каде во сето се наоѓаат инспирацијата и креативноста.
Меѓу панелистите беше и легендарен супермодел Наоми Кембел. Таа, едновремено е и лице од насловната на Вог за ноември, со мега интервју со Афуа Хирш, новинарка и поранешен борец за човекови права.
Во интервјуто Наоми Кембел зборува за семејството, инклузивноста, како и за нејзините деценискии заложби за поголема разновидност во светот на модата и нејзината визија за иднината на африканската мода.
Направено е и потсетување на нејзините години во Велика Британија, во 1980-тите, како редок пример на сила и гламур за црните британки во тоа време, но и на нејзиното чуство на осаменост. Се осврна на разликите помеѓу движењата за социјална правда во Велика Британија и во САД, и зошто, и покрај тоа што сè уште беше горда на своите британски корени, Кембел се дефинира како граѓанин на светот – во најголем дел поради зголеменото застапување во име на африканските креативци и дизајнери.
Стана збор и за претстојната документарна серија за „Супермоделите“ на „Епл“, која ги истражува кариерите на Кембел и нејзините колешки низ нов пристап и увид во нивните животи и кариери.