Изминатиот викенд, на интернационалниот танцов натпревар „Стејџ 2024“, Скопје дишеше во ритамот на танцот на кој учествуваа над 5000 лица од Романија, Хрватска, Турција, Бугарија, Србија, Грција, Косово,Словенија, Унгарија и Македонија, односно -36 танцови студија и балетски групи.
Настанот се одржа на двете сцени во НОБ, траеше цели 13 часа, исполнети со настапи во различни танцови стилови: класичен и современ балет, како и акробатски и улични танци. Натпреварувачите
демонстрираа извонредна посветеност и уметничка експресија, создавајќи вистински спектакл за сите присутни и за сите возрасти.
Круна на настанот беше Гала вечер на која настапија 14-те најдобри кореографии, избрани од еминентни судии на натпреварот. Тоа беше момент на инспирација за сите, кој го истакна најдоброто од младите таленти и остави силен впечаток на публиката. Гранд прито и припадна на акробатската група Тапија Денс Хаус од Софија, Бугаријаа a, од Македонија беа наградени Денст тим Фјужн од Куманово, Еурека од Скопје, Студио за танц Бах од Струга и Балетското студио Балерина.
Стејџ е е континуирано препознаен и подржан од Министерството за култура и е организиран од Тамара Ѓурчиновска и балетското студио „Арт Балет“.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.