Трендот насловен како Undetectable Era, означува време на суптилни трансформации, на естетски зафати и дерматолошки процедури кои не не се воочливи, драматично не го менуваат изгледот, туку одаваат впечаток на природна убавина.
Најновиот тренд означува суптилни, тешко воочливи промени освен, секако, видливите подобрувања на изгледот. Сето е овозможено од напредните техники и третмани кои ја прават интервенцијата речиси невидлива. Како што забележува познатиот мејкап артист Daniel Martin за Elle, фокусот е на суптилна убавина, при што дискретните резултати стануваат безмалу цел на современите процедури.
Клучен фактор што придонесува за овој тренд е подемот на новите третмани за инектирање како Polynucleotides и Profhilo, кои го стимулираат производството на колаген за да создадат природен, здрав изглед без очигледни знаци на интервенција. Д-р Eunice Park, дерматолог, ги опишува овие третмани како „суптилни работи што прават да изгледате добро, но никој нема тоа да го забележи и да каже: „О, боже, го направивте тва“. Овие достигнувања обезбедуваат попрефинета опција во споредба со традиционалниот ботокс и филери за кои некои лекари, како д-р Park, тврдат дека не ги решаваат ефикасно проблемите со затегнувањето на кожата и на мускулите на лицето.
Како појаснување, Polynucleotides се третмани кои користат молекули на ДНК за да ја подобрат регенерацијата на кожата, да го стимулираат производството на колаген и на еластин и да ја подобрат хидратацијата и еластичноста на кожата. Profhilo е третман базиран на хијалуронска киселина кој го подобрува тонот, текстурата и густината на кожата, стимулирајќи ја синтезата на колаген и еластин за природно подмладување и хидратација. Двата третмана нудат суптилни и природни подобрувања на изгледот.
Подигнувањето на лицето (Facelifts), некогаш истакната карактеристика на видливата хируршка интервенција, исто така има еволуирано. Со методи како што се ендоскопска пластична хирургија и длабоко подигнување на лице, хирурзите можат да создадат поприродни резултати со помали лузни. Др. Prem Tripathi, пластичен хирург, за Elle објаснува дека модерните кревање на лице оставаат практично невидливи лузни, „помали, слични на тенка линија“, сокриени на дискретни места, како зад трагус, или, крај увото.
Исто така и употребата на ласери, според Tripathi, дополнително ја минимизира видливоста на лузните. Користиме ласери не само за да го подобриме изгледот на лузните години подоцна, туку и фундаментално, да ја промениме биологијата на процесот на заздравување на лузните. Според него овој технолошки скок овозможува покусо време на закрепнување и подобри резултати, што ја прават операцијата помалку наметлива, а сепак со значајни естетски резултати.
Овој тренд е исто така под влијание и на општествените ставови кон стареењето и убавината. Многу пациенти, особено оние кои бараат подискретни подобрувања, сакаат да одржат природен изглед. Д-р Jordan Terner, пластичен хирург во Њујорк, објаснува: „Некои од нас отсекогаш сакале нашата естетска работа да остане незабележлива, нашата невидлива работа, во борбата против силите на едно старо општество“. Сепак, Terner признава дека некои пациенти сè уште претпочитаат повидливи интервенции, како одраз на поширока културна промена, каде што некои поединци ја прифаќаат идејата за статус и преку козметички процедури.
Накусо, Undetectable Era претставува чекор кон суптилност и дискреција, поттикнати од технолошкиот напредок кој овозможува добри резултати, со природен изглед. Без оглед на мотивите, денешните естетски третмани се фокусираат на одржување на свеж, младешки изглед со што е можно понезабележлив процес. Како што советува д-р Terner „Имам пациенти кои се во седумдесеттите години. Се обидувам да им кажам: „Во ред е. Имаш 76 години. Во ред е да имаш брчки. Но, можете да изгледате свежо и подигнато и да имате по некоја линија на лицето“. Стареењето, се разбира, не е избор. Но, Undetectable Era нуди нови опции за оние кои се за таинствени процедури. за суптилен и ненаметлив изглед, без очигледни естетски интервенцији./М.М.
More in:Козметика
Retinol или Retinal – како до совршена кожа
Ретиналот е до 10 пати посилен од ретинолот, што значи дека дава побрзи резултати и ...
Маската на La Prairie – чудо за подмладување
Новата ноќна маска на La Prairie, Platinum Rare Haute-Rejuvenation претставува најнов пробој во доменот на ...
Новиот Daxxify: кога ќе се здружат ботулинот и пептидите
Невромодулаторите се дел на естетските третмани. Науката овозможува развој на нови и подобрени формули, кои ...
Акупунктурата и здравото подмалдување
Како што светот на убавината станува се повеќе насочен кон целосно природни, холистички решенија, сосема ...