Решавањето на проблемите со текстилниот отпад вклучува редефинирање на модата преку промовирање одржливи практики, како што е размена на облека. Овие иницијативи не само што го минимизираат отпадот, туку и зачувуваат вредни ресурси и ја подобруваат одржливоста. Секоја мала акција придонесува за поголемо влијание во борбата против модниот отпад.
Во рамки на проектот VERDEinMED, воведена е аналитичка рамка за проценка на успешното спроведување на циркуларни бизнис модели во текстилниот сектор. Оваа рамка ги идентификува клучните иновации и потребни промени кои ќе го поддржат преминот кон одржливост.
Така,ТТА-Текстилниот кластер, во соработка со Моден Викенд Скопје, учествуваше на настан за размена на облека, со цел да ги постави клучните прашања за текстилниот отпад во модната индустрија.
Дали знаевте дека многу од вашите омилени европски модни брендови се произведуваат токму тука, во нашата земја? Иако сме горди на нашата улога во глобалната модна индустрија, текстилниот отпад останува сериозен предизвик.
Загрижувачки е податокот според кој од 25 до 40 проценти од текстилот што се користи за производство на облека завршува како отпад. Поради тоа намалувањето и управувањето со текстилниот отпад претставуваат еден од приоритетите кај нас, заедно со развој на иновативни практики за рециклирање.
Меѓу клучните иновации и потребни промени кои ќе го поддржат преминот кон одржливоста, препорачани за годинава се и: преферирање на еко-пријателски и одржливи брендови, корекција на облеката за подолго да трае, повторно искористување и самостојно рециклирање, како и сеопфатно информирање за одржливата мода.
На пригодно видео се наведени малите чекори кои можат да направат голема разлика во оваа насока!

 

You may also like

Comments are closed.