За растечкото влијание на Rihanna во светот на бизнисот во Forbes се посочува. “Таа создава бренд надвор од себе. Не се работи само за Rihanna. Дури и ако не ви се допаѓа нејзината музика, таа создаде вистински стил во просторот за мода и убавина”.
Според Forbes, 33-годишната Rihanna има богатство од 1,7 милијарда долари и тоа првин благодарение на нејзината линија за убавина Fenty Beauty, основана во 2017 година. Профитот на компанијата ја направи Rihanna најбогата жена во музиката и втора најбогата жена во забавата зад Oprah Winfrey.
Rihanna поседува и 50 проценти од Fenty Beauty (LVMH е сопственик на другата половина), што претставува 1,4 милијарди долари од нејзиното вкупно богатство. Уделот во модната компанија „Savage x Fenty“ додава дополнителни 270 милиони долари на вкупната сума од нејзината заработка како музичарка и забавувачка.
Во текот на пандемијата на коронавирус, Rihanna донираше пет милиони американски долари преку нејзината Clara Lionel Foundation, а парите беа поделена на повеќе организации, меѓу кои и на Фондот за одговор на солидарност COVID-19 на Светската здравствена организација./M.M.