По повод претстојниот Велигден, Caterina Murino, познатата актерка, дизајнерка на накит и фан на хотелската групација Mandarin Oriental, се здружи со слаткарот Adrien Bozzolo, во создавањето на чоколадно велигденско јајце, со филигрански привезок, исто така, во облик на јајце.

Под влијание на работата на древните занаетчии од нејзината сакана Сардинија, Caterina дизајнираше и создаде привезок во облик на јајце од сребрен филигран. Покрај оваа колекција со ограничено издание, таа направи и единствена копија на приврзокот во розово злато со сафир.

Слаткарот, инспирарин од префинетиот дизајн на накитот, создаде деликатна скулптура во облик на јајце во чисто чоколадо од Мадагаскар. Чоколадното јајце стои на перниче од крцкав лешник и fleur de sel пралини. Скапоцениот приврзок се крие во внатрешноста на јајцето, чија основа е исполнета со мали чоколадни бонбони, направени со ликер од сардинска мирта.

https://www.mandarinoriental.com/media-centre/press-releases/corporate-paris-easter-egg-collaboration-with-caterina-murino
Приходите од продажбата на оваа велигденската креација ќе бидат наменети за Amref Health Africa, африканска здравствена невладина организација. Продажбата на овој уникатен десерт е планирана за 10 до 18 април 2022 година, а секоја нарачка ќе биде рачно изработена.

Семејствата кои сакаат да го откријат Париз и да ги видат јајцата за време на велигденските празници, можат да го резервираат пакетот Families by MO. www.mandarinoriental.com/paris.

Caterina Murino е италијанска актерка која, длабоко поврзана со родниот остров Сардинија, како и традицијата за изработка на филигрански накит, во 2005 година го создаде својот бренд Caterina Murino Jewellery. Од 2006 година членка е на невладината Amref Health Africa во Франција, а дел од приходот од продажбата на прстенот од нејзината колекција „Fili di Vento“ секогаш се донира на невладината. www.caterinamurinojewellery.com/М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.