Состојки:
- 450 гр. брашно
- 200 гр. путер или маст
- 200 гр. шеќер во прав /шеќер за посипување
- две лажици мед
- 1/2 прашок за пециво
- малку сол
- две јајца
- два ванилини шеќера
- рендана кора од лимон
- 250гр. суви смокви
- варено јаболко
- цимет по желба
- 100 гр. ореви или бадеми сецкани
- лажица рум
- 1/2 лажица мускантно оревче
Подготовка:
Во поголем сад измешајте путер, шеќер во прав, една лажица мед, малку сол, кора од лимон, ванилин шеќер и јајца. Додадете суви состојки, брашно и прашок за пециво. Замесете фино, мазно тесто. Поделете го тестото на пет дела и оставете го завиткано во фолија само малку да се одмори додека го подготвувате филот.
Исецкајте и измешајте суви смокви, ореви или бадеми, варено јаболко, рум, мускантно оревче, цимет и лажица мед во мултипрактик.
Најдобро е да земете едно поголемо парче прозирна растеглива фолија и да го посипете со малку брашно. Направете една ролна од тестото и истегнете ја со дебелина од 2 мм. Нанесете го филот по должина. Користете фолија, преклопете го тестото и свртете ја штрудлата така што преклопот ќе биде на долната страна.
Вака подготвените штрудли исечете ги на растојание од 5-6 см. Наредете ги едни до други на хартија за печење и печете на 190 ° околу десет минути. Кога малку ќе поруменат, извадете ги од рерна.
Кога ќе се оладат посипете ги со шеќер во прав и послужете. Наздравје! /Б.Б.