Питата од јаболка е десерт што потекнува од Англија. Тие, најчесто, ја послужуваат со шлаг, сладолед или со чедар сирење. Нашава, што денес ја подготвивме и ја предлагаме, е малку поинаква во подготовката, но ја сервиравме со шлаг.
Потребни состојки:
– 500гр. брашно,
– 250гр. шеќер,
– две жолчки,
– 1/2 пакување прашок за пециво,
– пакување ванила шеќер,
– 250 гр. путер,
– 5 јаболка,
– цимет.
Подготовка:
1. Фил:
Излупените јаболката се сечат на тенки кришки, се пропржуваат на путер, со три лажици шеќер и цимет по желба.
2. Тесто:
Путерот и шеќерот се матат, па им се додаваат жолчки и ванила. Постепено се додава брашното измешано со прашокот за пецивото, да станат како тарана, па им се додава малку млеко, за тестото да се замеси. Тестото се дели на два дела. Се развива една кора се реди на намастен плех, врз него се реди филот и горе се затвара со другата кора. Се пече 30 до 40 минути во загреана рерна на 220Ц./Б.Б.