Стресното секојдневние би можело донекаде да го објасни ненадејниот интерес за соматските вежби, особено пројавен на социјалните мрежи. Нивните промотори велат дека се одличен начин за ублажување на анксиозноста, на насобраната траумата во телото и за ублажување на стресот.
Соматските вежби се физички активности кои го користат телото како примарна алатка за јакнење на отпорноста, зачувување на здравјето и за самостојно учење. Оваа форма на вежбање има за цел да ги поврзе умот и телото и тоа преку движење, дишење и свесно внимание на сензациите на телото. Вежбите може да вклучуваат техники како што се дишење, јога, танц, пилатес или едноставни движења кои помагаат телото да се ослободи од напнатост.
Соматските вежби помагаат да се релаксира нервниот систем, да се зајакне емоционалната отпорност и да се намали стресот. Тие можат да бидат корисни и во процесот на третирање на траума и анксиозност, бидејќи овозможуваат ослободување на напнатоста. Со редовна пракса, соматските вежби можат да придонесат за длабоко поврзување на умот и телото, што може да го унапреди физичкото и менталното здравје.
Една од основните соматски вежби е длабокото дишење, кое се изведува бавно и свесно, фокусирајќи се на вдишување и издишување за опуштање. Друга техника е „скенирање„ на телото, која вклучува внимателно насочување на фокусот на различни делови од телото, со цел да се идентификува евентуална напнатост или телесни сензации. Техниката на прогресивна мускулна релаксација вклучува наизменично затегнување и релаксирање на мускулите, за ослободување од напнатоста. Конечно, тука се и соматските вежби на бавно истегнување, или, едноставни пози за јога, кои можат да помогнат за опуштање на телото и умот.
Соматските вежби можат да бидат корисна алатка и во процесот на закрепнување од траума, иако е важно да им се пристапи внимателно. Се препорачува да се работи со професионалци, за да се направи процесот безбеден и сеопфатен.
Иако јогата и соматските вежби се поврзани со зајакнување на врската помеѓу умот и телото, постојат значителни разлики. Јогата е поструктурирана практика која вклучува физички пози, вежби за дишење, а понекогаш и духовен елемент, додека соматските вежби се пофлексибилни и се фокусираат на интуитивно движење и ослободување на телесната напнатост.
Еве пример на соматските вежби за почетници за намалување на стресот и зајакнување на врската со сопственото тело.