Лубеницата е омилена летно овошје – освен што освежува, обилува со витамини и хранливи состојки. Ви предлагаме сок од лубеница – вкусен и хранлив напиток, а еве и зошто.
Одржува хидратација – лубеницата со средна големина содржи околу 92% вода, па затоа е одлична опција кога станува збор за хидратација. Водата е важен дел од функционирањето на телото.
Содржи есенцијални витамини – Лубеницата содржи витамини кои му се потребни на вашето тело, вклучително и витамините А, Ц и Б6. Лубеницата содржи и магнезиум, кој помага да се регулира работата на мускулите и на нервите.
Помага да се справите со вишокот тежина – Едно парче лубеница содржи околу 45 калории, што ја прави нискокалорична храна. Високата содржина на вода во лубеницата, исто така, може да заситува и да ви помогне во борбата со калории. Една студија од 2019 година, која ги испитувала ефектите од јадењето на лубеница кај возрасните со прекумерна тежина, покажа дека оние кои консумирале две парчиња лубеница дневно во текот на четири недели, чувствувале помалку глад и изгубиле значително повеќе килограми од групата која консумирала нискокалорични колачиња.
Спречува болки во мускулите – Лубеницата содржи L-citrulin, амино киселина која помага по тренинг да се намали болката во мускулите. Ги шири крвните садови за да овозможи поголем проток на крвта во мускулите, со што се намалува болката.
Го подобрува варењето – Иако лубеницата не содржи многу влакна, околу еден грам по парче, високиот процент на вода може да помогне во подобрување на варењето.
Го намалува крвниот притисок – Бидејќи цитрулинот помага во отворање и опуштање на крвните садови, може да го подобри протокот на крвта и да го намали крвниот притисок./М.М.