Новата „Адашико колаген“ вода е прва во светот што содржи чист колаген и чиста вода – без конзерванси, без ароми, бои или други додатоци.

Луѓето кои ги познаваат својствата на колагенот веројатно имаат претстава што се може и колку ќе им значи за прв пат создадената вода со колаген. Судат според досега недвојбено големите козметички придобивки од колагенот, како и оние внатрешни придобивки, што не ги гледатат, но ги чувствуваат.

Двајца извозници на Киви се здружија за да ја направат првата вода во светот со колаген, бидејќи глобалната побарувачка за „функционална храна“ постојано продолжува да расте.

Adashiko Collagen Refresh е направен со чист пептид на колаген од Јапонија и Hawke’s Bay вода од артериски бунар, без конзерванси, ароми и други адитиви. Рафинираниот колаген исто така и дава на водата лесен вкус и нема потреба од дополнителни ароми.

Водата почна да се дистрибуира и на национално ниво, по цена од 5 долари за 350мл. или 10 американски долари за шише од 750мл. Новиот пијалок ќе биде достапен и во барови и ресторани. Шишето од 350мл содржи пет грама колаген, додека поголемото шише содржи 20 грама.

Луси Фирт, извршен директор на „Адашико“, рече дека пијалокот е дизајниран за подмладување на премиум пазарот на флаширана вода, како и за воведување нутрицитивни производи во угостителската индустрија. „Додавањето на функционален производ на вода во оваа категорија значи дека тие сега ќе можат да понудат конкурентен производ на пазарот“.

Инаку идејата и концептот за вода со калоген е од Јапонија, каде пазарот на колаген е добро развиен и е чест додаток на многу производи.

Развојот на производот траеше повеќе од една година и беше заедничко вложување помеѓу „Адашико“, кој извезува низа производи од колаген, и „Хокес Беј“, Паркер пијалаци.

„Во моментов постои голем интерес на глобално ниво и првичните дискусии што ги имавме со купувачите во странство укажуваат дека ова ќе биде клучен производ за нас како дел од нашата стратегија за извоз“, вели Даг Спиди, директор на Паркерс пијалоци.

Инаку, лансирањето на „Адашико“ водата се случува кратко време откако колагенското млеко на Луис Роуд Кремери (Lewis Road Creamery) беше прогласено за „победник“ на натпреварот за лош вкус за 2020 година. /М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.