City Mall_1920x1080px

Со голема роденденска прослава и огромни попусти Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј. Од огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки, детска програма до големи концерти – сите сме во Скопје Сити Мол.

Концертите се закажани за претстојниот викенд, а на нив ќе настапат познати домашни музички ѕвезди, групи, диџеи, уметници и таленти. Трите роденденски настани ќе се одржат на 30 септември, 1 и 2 октомври, на најгорното ниво од катната гаража во Скопје Сити Мол.

Тридневната роденденска забава започнува во петок (30.09) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радио сцена, како и со спектакуларен концерт на диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија.
Ѕвезда на втората роденденска вечер, што ќе се одржи в сабота (01.10), ќе биде македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на забавата ќе се погрижат домашни бендови и диџеи.
Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (02.10) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со “Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот Златно славејче.

“Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во државата кој воведе сосема нов концепт што ги обединува шопингот, забавата и дружењето, нудејќи им содржини на сите возрасни групи, со различни вкусови и интереси. Затоа и за нас беше сосема природно првите десет години на Скопје Сити Мол да ги прославиме заедно со сите оние за кои постои овој трговски центар.” објаснува маркетинг менаџерот на Скопје Сити Мол, Дамјан Корубин.

Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. Третиот ден програмата започнува во 12:30 часот и ќе трае до 16 часот. Целата програма е на веб-сајтот на Скопје Сити Мол.

Локацијата за одржување на сите концерти е покривот на Скопје Сити Мол, кадешто, од безбедносни причини и за комфор на присутните, е проектирано за до 2.500 посетители. Влезот на концертите е слободен. Откако капацитетот ќе се пополни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, по што ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.