Калциумот е еден од минералите без кои човечкото тело не би можело да функционира нормално. Речиси секоја клетка во телото го користи на некој начин. Овој минерал е многу важен за забите и коските, ги регулира мускулните функции, како што се контракции и релаксација, а исто така игра значајна улога во правилното функционирање на срцевиот мускул и згрутчување на крвта. Калциумот помага да се пренесат „пораки“ од кој било нерв до мозокот.
Без оглед на фактот што коските и забите се природни резерви на калциум, тој елемент сепак треба да се зема дополнително преку исхраната. Доколку доволно калциум не помине низ крвта и ако не се апсорбира во дигестивниот тракт, се користат резервите од коските и забите со што осиромашуваат и може да доведе до развој на остеопороза. Еден од најдобрите извори на калциум е јогуртот кој денес се смета за незаобиколен дел од здравиот начин на исхрана. Една чаша јогурт содржи 450mg калциум. Јогуртот, посебно функционалниот како што е Баланс+ е посебен извор на квалитетен калциум неопходен за организмот. Со тоа Баланс+ покрај основната хранлива улога, го снабдува организмот и со овој толку потребен минерал, што му дава и дополнителна вредност за здрав организам за што е и вброен во функционалните производи.
Функционалноста на овој јогурт доаѓа од тоа што е и одличен извор на протеини и витамин Б12, содржи и пробиотици кои имаат корисен ефект врз дигестивниот тракт, го стимулираат варењето и го забрзуваат метаболизмот. Токму затоа со само десетдневно редовно консумирање на Баланс+ јогуртот се забрзува метаболизмот и се решаваат проблемите со варењето, што е клинички докажано.
Одржувањето на уредна и балансирана цревна микро флора е клучно за здравиот дигестивен систем, затоа што бројни вирусни инфекции започнуваат токму од цревата, а за тоа најмногу помага функционалниот јогурт со пробиотик.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.