Во штотуку објавената брошура на СЗО за влијанието на шеќерот во пијалоците врз здравјето, поради сето изнесено се бара нивно оданочување.
Да се намали прекумерната потрошувачка на шеќери и да се запре епидемија на дебелина и дијабетес, на земјите им требаат сеопфатни акциони планови кои комбинираат оданочување, ограничување на пласман на производи со шеќер на деца и адолесценти, како и реализација на образовни програми во оваа облаат.
Брошурата на СЗО е на следниов линк.
Зошто СЗО бара оданочување за пијалоците со шеќер?
Засладените пијалоци – се истакнува во истражувањата сублимирани во брошурата, се најголемиот придонесувач за дебелината и дијабетесот.
- Преголемата потрошувачка на шеќер е најголемиот придонесувач за дебелината, дијабетесот и расипување на забите.
- Во храната е многу е лесно да се консумира премногу шеќер, особено во засладените пијалоци.
- Во пијалоците со шеќер се конзумира најмногу шеќер во исхраната, а неговата потрошувачка кај повеќето земји се зголемува и тоа особено од страна на децата и на адолесцентите.
- Во просек, една конзерва засладен пијалок содржи околу 40 грама слободни шеќери2
(еквивалентно на околу 10 лажички маса шеќер).
Упатствата на СЗО препорачуваат со цел да се спречи дебелината и расипувањето на забите, возрасните и децата да ја намалат потрошувачката на слободните шеќери на помалку од 10% од нивниот дневен внес (еквивалентно на околу 12 лажички шеќер кај возрасните). Упатствата сугерираат и натамошно намалување на внесот на шеќер на помалку од 5% од дневниот внес (околу 6 лажички шеќер за возрасни) .
Собраните средства би се користеле за реализација на проекти во кои би се дејствувало превентивно, против се поголемото конзумирање на шеќерот, како и за помош во отстранувањето на постојните последици поврзани главно со дијабетесот и дебелината.
Оданочувањето на пијалоците со шеќер наскоро ќе се најде преед владите на земјите на ЕУ, а во Англија за ваков вид на данок ќе се расправа пред есента./М.М.