Vella Bioscience го претстави новиот секс серум, производ развиен од медицински тим, кој има за цел да ја зголеми фреквенцијата и интензитетот на оргазмот кај жените.
Dr. Padma-Nathan , еден од луѓето кои стојат зад производот, за Forbes изјави дека тимот имал за цел „да им даде [на оние со вагини] капитал во сексуалното исполнување на безбеден и ефикасен начин“. Серумот на Vella содржи внимателно регулирана доза на CBD која го релаксира мускулното ткиво и го зголемува протокот на крв за да ја зголеми сексуалната возбуда и оргазмот.
Иако се јавија сомневања според кои серумот како производ е „сличен на вијагра“, тоа не е точно бидејќи серумот не е лек и не ја лекува сексуална дисфункција, туку го зголемува сексуалното задоволство. Клиничките студии покажуваат дека жените на возраст од 23 до 75 години, кои го тестирале серумот пријавиле зголемен интензитет и фреквенција на оргазми.
Гледајќи го серумот, би помислиле дека е производ за нега на кожа или маска за лице, но работи за да овозможи сексуална благосостојба, порачуваат од Vella Bioscience./М.М.
Деталите се на https://vellabio.com/