Во присуство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бројни претставници на јавниот опшстествено-политички живот и инвеститорите, на 30 октомври отворен е најголемиот трговски центар во регионот „Галерија Белград“ во рамките на проектот „Белград на вода“(Belgrade Waterfront).
Белградската галерија е најголемата шопинг, забава и гастрономска дестинација во регионот на Југоисточна Европа, со вкупна површина од 300.000 квадратни метри, 93.000 квадратни метри за изнајмување и 3.600 паркинг места. Во приземјето и двата ката, се сместени околу 300 продавници на видни светски брендови, во комбинација со престижни ресторани и кафулиња за сите генерации. Кога сите локали и деловно – услужни простори ќе бидат отворени „Галерија Белград“ ќе има околу 5000 вработени.
„Галерија Белград“ е дел од Belgrade Waterfront, покрај брегот на Сава, има директен пристап до Белградската кула. Skywalk, најголемиот зелен покрив во регионот, е отворен за сите посетители и е наменет за релаксација, прошетки и рекреација. Oд другите трговски центри „Галерија Белград“ cе разликува и по уникатната купола ETFE, една од најголемите во Европа. Овозможува дневна светлина во внатрешноста
на центарот, оставајќи впечаток на шопинг на отворено. ETFE технологијата беше искористена и при изградбата на познатата Alianz Арена во Минхен.
Сите информации за содржините, пристапноста, како и планираните настани, посетителите можат да се информираат на https://www.galerijabelgrade.com/sr/shops