1. Што во моментов најмногу те возбудува во животот?
Времето поминато со моите две синчиња Иан и Део, секоја секунда со нив ми е возбудлива и скапоцена.
2. Кога чувствувате дека сте креативни – наутро или навечер?
Највеќе ноќе, се случува да се разбудам со некоја идеја и да ја запишам во телефон бидејќи наутро нема да се сеќавамкако било. Се има случено среде ноќ и цело сценарио да напишам за реклама.
3. Што слушате кога слушате музика?
Многу малку имам време да седнам и вистински да уживам во музиката. Кога сум сама сакам да пуштам релаксирачка медитативна музика, ме полни со енергија и ме рестратира, доколку дента многу сум се испразнила.
4. Кој е вашиот талент за кој луѓето можат да се изненадат кога ќе знаат дека го имате?
Не знам кај мене што може да ги изненади, бидејќи буквално се што е интересно веќе е споделено на мрежите. Бев тренер по кик-фит, знам да зготвам супер здрава храна, ме бива по малку за маркетинг и не пеам баш лошо.
5. Каде се чувствувате како да сте во вашето лично најдобро издание?
Во мојата професија – маркетинг. Таа ми е канал за сета потребна и непотребна енергија во мене да ја избалансирам и соодветно да ја канализирам.
6. Кој е најтешкиот предизвик што некогаш сте морале да го надминете?
Работа на себе.
7. Со што сте опседнати во моментов?
Со децата, од првиот ден на нивнито раѓање јас сум опседната со нив, некогаш можеби и премногу, па стигнувам до момент кога сфаќам дека со месеци немам ниту една секунда за себе.
8. Имате ли нов проект – што може да се очекува со него – доследност или нова страница?
Комбинација од двете. Сакав да ги спојам креатовноста, маркетингот и вежбањето па создадов сопствен бренд за спортска женска гардероба. Сеуште си ги нпоставува темелите, но идејата и плановите ми се доста поголеми за понатаму… Малку целата состојба ни ги крати крилјата, ама тоа не значи дека неможеме да летаме, нели?
9. Соработувавте со многу значајни личности – кој остана на списокот со желби?
Сите ги сакам, немам искрено некоја посебна на листата.
10. Што е нешто што сепак би сакале да го научите?
Сакам да научам да нов јазик, италијанскиот секакогаш прекрасно ми звучел, но во моментов тешко дека ќе накдам соодветно време да се посветам и на учењето.
11. Кој е вашиот омилен аспект на вашата работа?
Тоа што сум секогаш опкружена со позитивни, креативни и инспиративни луѓе, преку кои ветерот во грб го добивате многу лесно.
12. Што е најтешко во врска со вашата работа?
Нема тежок момент, креативност е во прашање и инспирација, или ја имаш дента или ја немаш. Ако си врзан со кратки рокови, тогаш знае да биде проблем.
13. Кој е најчесто користениот збор во модата во моментов?
Хмммм… Моќно!? Моќна комбинација, моќна боја, моќен дезен… Тоа ми ѕвони прво во главата.
14. Кое е модно правило со кое целосно не се согласувате?
Дека некоја со некоја боја не одговара. Мислам дека се може соодветно да се спои на симпатичен начин.
15. Кое парче секоја жена треба да го има во својата гардероба?
Џинс. Отсекогаш, засекогаш.
16. Без кои три работи не излегуваш од дома?
Телефон, клуч и тефтерот за работа 🙂
17. Кога си во кујна, што подготвуваш најчесто?
Сакам исклучиво брзи и по можност здрави рецепти. Најчесто се тоа комбинации со паста, зеленчук и интересни сосови.
18. Како би го опишале вашиот личен стил?
Последниов период доста посмирен, повеќе секојдневен и комотен, со по некој тренди момент.
19. Кој парфем го користиш во моментов?
Yes I Am од Cacharel
20. Кој е трендот што посакувате никогаш, никогаш да не се врати?
Чевлите со огромен топук. / М.М.