Саша Милошевиќ- Маре, композитор и текстописец со блескава кариера, (меѓу останатото, автор на „Молитва“), е член на жирито на годинешното, 31-во издание на„Охрид фест“.
Драго ми е што сум дел од жирито, вели Маре. Ја сакам Македонија, луѓето, ја сакам вашата природна топлина, љубезност, заљубен сум во вашата музика, а имам и многу пријатели… Да си во жирито е голема одговорност и таа улогата не е секогаш многу омилена.
Во „Никад није касно“на пример, моите искуства се во функција да им помогнеме на луѓето, но и таму, освен врвни пејачи, има и многу аматери…Но, за мене магија е кога ќе препознам талент,
кога некој знае да ја пренесе емоцијата и има глас, вели Маре. Сигурен сум дека и на „Охрид-фест“ ќе има такви таленти, тоа го сметам како предуслов за успех.