Од кремата со ретинол до хуманата иницијатива „The Look Forward Project“ – ново поглавје на женската сила и самопочит
Американската актерка Сара Џесика Паркер, веќе неколку години е заштитно лице на брендот RoC Skincare — една од водечките дермокозметички линии која го соединува научниот пристап со достапна нега за кожатa.
Зборувајќи за својата верност кон RoC Retinol Correxion Line Smoothing Eye Cream за нега во пределот околу очите таа посочува дека го користи постојано и, според неа, е вистинско чудо за мазна кожа под очите.
Клучната состојка на овој производ е ретинолот — дериват на витамин А кој, според дерматолозите, го забрзува производството на колаген и еластин, ги намалува темните подочници и ги ублажува фините линии и брчки.
Но, партнерството меѓу Сара Џесика Паркер и RoC не се ограничува само на убавината. Таа ја иницираше и ја поддржа кампањата *The Look Forward Project*, инспирирана од истражување што покажа дека голем дел од жените чувствуваат вознемиреност поради менувањето на изгледот со годините. Проектот има за цел да ја промени перцепцијата за возраста и да поттикне оптимизам и самоприфаќање.
Иницијативата услови и ново истражување што открива дека повеќе од половина од испитаните жени не се чувствувале оптимистички во својата младост, а над три четвртини сметаат дека на младите им требаат повеќе ресурси за позитивен развој. Затоа во рамките на проектот, *RoC* создаде и дистрибуира 5.000 едукативни брошури во основни училишта, со практични совети за деца и родители. Беше лансирано и специјално лимитирано издание RoC x SJP, сет за нега на кожата, чија продажба придонесува за поддршка на непрофитната организација SeekHer, активна во областа на менталното здравје на жените.
Со оваа соработка, Сара Џесика Паркер и RoC Skincare потсетуваат дека вистинската нега започнува со самодоверба, благодарност и љубов кон сопственото лице — во секоја животна доба.

You may also like

Comments are closed.