
На тековната Модна недела во Милано, на модното шоу на кое е претставена колекцијата на Laura Biagotti за пролет/лето 2025 година, настапи и нашиот модел Сара Стои.
Сара престојува во Милано кадешто има работено и на други проекти и модни ревии, помеѓу кои и на онаа за HUI. Таа е дел од NEXT Management, која важи за една од најдобрите светски агенции за модели. Неверојатно шармантната Сара Стои совршено се вклопува во сегашниот тренд на модели кои поседуваат особена уникатност.