Интернационалниот модел Сара Стои, која веќе четири години ја гради својата кариера, настапи на модната ревија на светски познатиот бренд Dolce&Gabbana, одржана пред крај на минатата година во Ријад, Саудијска Арабија.
Во Hittin палатата,во Ријад, прикажана е ексклузивна колекција на облека и на накит, со која се истакнати убавините и вредностите на богатата историја на Саудиска Арабија.
Нашиот модел Сара Стои, според соопштението од Моделс ИН Менаџмент, имаше исклучително успешна 2024 година, работејќи ревии и за други познати модни брендови како: Rocco Barocco, Laura Biagiotti и Hui. Агенцијата на Јелена Ивановиќ, JS Management, успешно ја застапува на светскиот моден пазар, па така минатата година Сара склучи договор и со престижната модна агенција Next Management, од Милано.
Ревијата за Dolce&Gabbana, како што истакнуваат од Моделс ИН Менаџмент, е клучен момент за нашиот модел да ја заокружи годината, сооглед на фактот што моделите сонуваат да бидат дел од еден ваков светски познат бренд. Како подсетување, пред две години и Ивана Манас работеше ревија и кампања за овој светски еминентен бренд. Сара Стои со својата грациозност и префинета убавина, полека но сигурно го освојува модниот свет, а Моделс ИН Менаџмент е тука за да ја поддржи и да и посака многу нови успеси.