После Сеул, Јужна Кореја, нашиот маркантен модел Сара Стои ја продолжи својата кариера во европските модни центри, а неодамна сними и моден едиторијал за српското издание на престижниот Harpers Bazaar.
Нејзината кариера со моделинг започна пред неколку години, a поголемите ангажмани уследија по потпишувањето на договорот со Јелена Ивановиќ од Белград и нејзината агенција JS’ Management.

Сара е една прекрасна и професионална убавица која трпеливо и предадено ја чекаше својата шанса во светскиот моделинг, вели Алек Наумовски од Моделс Ин, кој ја застапува локално, само за македонскиот пазар .
Помеѓу останатите проекти како највпечатливи се модниот едиторијал за светскиот моден магазин L ‘ OFFICIEL и кампањата за Француската модна куќа Maison Margiela.
Сара ја гради својата кариера како успешен македонски модел и на наша огромна радост, не представува во вистинско светло. Восхит и гордост е да се знае дека полека но сигурно има се поголем број на наши модели кои успешно работат во светскиот моделинг, истакнува Алек Наумовски.

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.