Креативниот директор на Valentino, Pierpaolo Piccioli на познатите Шпански скали во Рим во петокот ја прикажа својата колекција за сезоните есен/зима 2022/2023 година.
Модното шоу, наречено “The Beginning”, го означи враќањето на креативноста во Рим, каде што Valentino Garavani го основал своето модно ателје во 1959 година.
Зборувајќи пред спектаклот за Vogue, Piccioli рече дека модното шоу го замислил како „разговор со Valentino“ низ минатото, сегашноста и иднината. Сакав да го добијам духот на Valentino – радоста на животот – затоа што мислам дека тоа е единствениот начин убавината да биде отпорна на времето. Од друга страна, создадов слика што сакам да ја споделам, а која е различна од онаа пред 45 години, објасни дизајнерот. Тоа е сликата за стварноста во која живееме. Шпанските скали се исти, ателјето е исто, а на крајот – облеката е облека. Вистинската разлика е во кастингот – во луѓето – на тоа кој може да раскажува приказни и да биде сведок на еден поинаков момент во овој свет.
Модното шоу може да се проследи на следниот линк: https://www.valentino.com/en-us/collections/valentino-the-beginning-haute-couture-fall-winter-22-23
На настанот присуствуваа плејада ѕвезди меѓу кои Anne Hathaway, Naomi Campbell, Florence Pugh и Andrew Garfield.
Hathaway и Pugh беа меѓу оние облечени во препознатливата розова нијанса на Valentino.
Настанот привлече мноштво познати лица, минувачи и големо медиумско внимание, а резултираше и со жалба од Dior.
Во писмото видено од Women’s Wear Daily, француската модна куќа, наводно, побарала од Valentino компензација за нарушувањето предизвикано со ревијата врз блискиот бутик на Dior
Истакнувајќи ја наводната штета врз бизнисот на Dior, од Valentino се побарани како надомест 100.000 евра, во рок од 15 дена./М.М.