Dolce&Gabbana

Ревиите во стилот на минимализмот, како модна пролет 2021 година, не важат за Domenico Dolce и Stefano Gabbana.

Краткиот моден видео преглед открива дека Метропол, долгогодишното место на шоуто на D&G, е трансформирано во простор на светли колажи од пачворк – пистата, sидовите, клупите и сите други елементи од DGSicilianPatchwork колекцијата се еден огормен мозаик кој, едновремено, е признание на вредните раце на ракотворците, но и симбол на единство и поврзување во времето на пандемијата.

Видео пораката на дизајнерите е дека: „Со оглед на нашето долгогодишно искуство, инспирирано од Сицилија, сакавме да раскажеме за сèто што може да се најде на остров како овој, за различните култури што доминираат таму, од Шпанците до Арапите и Норманите“, рече Dolce, кој е роден и израснат таму. „Ние го цениме сето што ни го донесоа и сето го создадовме заедно, додава Gabbana.

Силуетите од 90-тите, што се движеа по модната писта на Метропол беа и навраќање за мисиите на Сицилија, како и  дел од пачворк историја на модното дуо. Фустаните со силуета на песочен часовник и остро исечените јакни, парчињата брокат, шифон, жоржет и памук, заедно со другите материјали, веќе долго време се вбројуваат во силуетите на дизајнерите.

Во видео записот, Dolce и Gabba се потсетија на ревија од 1993 година, во која користеа слични пачворк техники, само за различни завршетоци. Таа дамнешна колекција, беше инспирирана од боемските 1970-ти, популарната референца од раните 90-ти. Со ретроспектива на времето хипи движењето, оваа прошетка низ пачворк историјата е усогласена со актуелното време.

Dolce&Gabbana

Нема начини на споредба за тоа колку е тешко ова пандемиско време за модните брендови – за креативните лидери и извршни директори, за изработувачи на пачворк и шивачите.

„Она што е најважно за оваа пачворк колекција е дека секое парче е создадено од вештите раце на мајсторите ракотворци, дека материјалите трпеливо се составувани едно по друго, за и на тој начин да добијат свој особен карактер, своја приказна, своја страст, своја визија“, рече Dolce. Но, ова не е само почит кон талентираните занаетчии. Во индивидуалниот изглед и во колекцијата како целина, постои симболика, дека во ова време на глобална криза, посилни сме само заедно – дека ова е момент за единство и поврзување./M.M.

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

Dolce&Gabbana

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.