Amazon неделава влезе во партнерство со дистрибутерот What Goes Around Comes Around, за продажба на артикли на луксузните брендови који несакаа да соработуваат со нивната платформа.

Брендовите кои ги одбиваа барањата на Amazon, сега се затечени и не помалку изненадени. Гигантот за е-трговија ја отвори својата најнова луксузна продавница – Amazon Luxury Store. Партнерство со препродавачот What Goes Around Comes Around подразбира дека во новата продавница, меѓу другото, ќе се најдат и винтиџ чантите на најголемите модни куќи, како Louis Vuitton, Hermès, Chanel, Prada и Gucci.
Продавницата во моментов располага со стотина артикли достапни за купување, а во следните два месеца се очекуваат над 2.000 производи, воглавном чанти, одбрани модни додатоци и накит.
Овој потег, се вели во соопштението, е полезен за двете страни. За What Goes Around Comes Around тоа е многу поголема база на клиенти, а за Amazon роба што со години ја бараа, како и партнер кој е одговорен за автентичноста на луксузните производи.
Претседателот на Amazon Fashion, Muge Erdirik Dogan, за партнерството вели: „Ние постојано ја прошируваме нашата понуда на производи. Нашите клиенти, особено клиентите на Millennial и на Gen Z, го споделуваат својот интерес за винтиџ и за омилениот луксуз. Возбудени сме што ќе им овозможиме радосното шопинг искуство и брза испорака преку нашата платформа“.
Во јануари 2020 година, шефот на LVMH, Bernard Arnault , се потсмеваше на идејата за продажба преку Amazon , па дури и тврдеше дека сајтовите на пазарот како овој, водат до продажба на фалсификати кои го финансираат тероризмот. „Неколку пати ни беше побарано да учествуваме во овие бизниси, а јас секогаш сум велел „не“, рече тој.
Засега, сепак, Amazon остава отворена врата, за големите брендови и директно да се приклучат на нивната платформа./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.