Редовното внесување пробиотици може да има бројни корисни ефекти врз здравјето и тоа, пред сè, врз дигестивниот тракт, за стимулирање на варењето и забрзување на метаболизмот, за намалување на надуеноста, за редуцирање на лошиот холестерол и добро влијание врз срцето, како и за подобрување на одредени состојби на менталното здравје (особено депресијата). Исто така, многу е корисен и ефектот врз имунитетот. Пробиотиците можат да имаат потенцијални придобивки и да делуваат како превенција на симптомите на грип и настинка.
Некои од добрите бактерии што се потребни на нашиот дигестивен систем, а со тоа и на целокупното физичко и психичко здравје се Bifidobacterium, Lactobacillus acidophilus и пребиотикот олигофруктоза. Bifidobacterium е пробиотик кој природно е присутен во цревата и служи за претворање на хранливите материи во енергија. Lactobacillus acidophilus е пробиотик кој може да се најде во ферментирана храна, како што е функционалниот јогурт Баланс+. Покрај тоа што го помага варењето, се смета и дека го намалува холестеролот и ги намалува симптомите на настинка и грип. Она што е сигурност може да се каже е дека е одличен за здравјето на цревата и за одржување на рамнотежа на цревната флора.
Олигофруктозата има пребиотичка функција и доаѓа од растителни влакна. Пребиотиците се вид диетални влакна кои служат како храна за добрите бактерии и на тој начин ја одржува рамнотежата на цревната флора. Така, пребиотиците ги задржуваат пријателските бактерии во цревата и делуваат симбиотски со добрите бактерии, забрзувајќи го нивното дејство.
Функционалниот јогурт Баланс+ со уникатниот Bifido Digestio комплекс – комбинација од двете пробиотски култури: Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12 и пребиотикот олигофруктоза, ги содржи и го снабдува организмот со овие хранливи состојки. Придобивките врз дигестивниот систем од Баланс+ јогуртот се докажани и преку клинички испитувања, односно со редовно консумирање на Баланс+ пробиотскиот јогурт во тек на само 10 дена, работата на дигестивниот систем значително се подобрува. За постигнување на овој ефект оптималната препорачана доза е 500 г Баланс+ дневно најдобро поделено во два оброка, за појадок и за вечера./М.М.
More in:Здравје
Гумените бомбони со CBD – за стрес и анксиозноста
Гумените бомбони со CBD можат да бидат корисни за справување со стресот и анксиозноста. Имено, ...
Награден уред за ладење на скалпот за пациенти со хемотерапија
Дипломката на Универзитетот во Limerick, Olivia Humphreys, е победник на Ирска на наградата James Dyson ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Акупунктура во борба против ишијасот
Најновото истражување потврда дека акупунктурата е вредна опција за конзервативен третман за лица кои страдаат ...