Јубилејот – 20 години од премиерата на „Прашина” на Милчо Манчевски на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001, ќе биде одбележан со презентација на филмот на три угледни платформи на денот од годишнината.
Имено, денеска – 29 август, Македонската радио телевизија ќе го емитува филмот во 23 часот, во 20 часот ќе биде прикажан под отворено небо во дворот на Кинотеката, а на фан страницата на Манчевски на Фејсбук (https://www.facebook.com/Milcho.Manchevski ) ќе биде поставен линк за бесплатен стриминг на филмот./M.M.