Urban-Air Port, британската компанија за авијација и воздухопловство го дизајнира Air One, првиот светски целосно оперативен урбан поп-ап аеродром за електрични летечки автомобили и големи дронови. https://www.urbanairport.com/
Urban-Air Port планира поп-ап аеродромот за посетителите да го отвори кон крајот на месецов, летечките автомобили што превезуваат патници би можеле да почнат да го користат за три години, додека првиот товарен дрон треба да полета на 25 април годинава.
Аеродромот се наоѓа во Ковентри, Велика Британија и, како што соопштуваат во Urban-Air Port, ќе биде центар за идните електрични летачки тела со вертикално полетување и слетување (EVTOL).
Air One, кој е конструиран од челик и алуминиумски профили, обвиткани во затегнувачка проѕирна ткаенина, се наоѓа во центарот на Ковентри во Западен Мидлендс.
„Сакавме да создадеме мултифункционален оперативен центар за возила со екипаж и беспилотни летала кои обезбедуваат команда и контрола на авионите, полнење гориво, превод на товар и патници“, вели основачот и главен извршен директор на Urban-Air Port, Ricky Sandhu.
„Оваа нова, зелена интермодална инфраструктура ќе го отстрани најголемото, единствено ограничување за одржлива воздушна мобилност и значително ќе го намали метежот и загадувањето на воздухот при транспортот на патници и карго и ќе создаде екосистем со нулта емисија“, вели Sandhu за магазинот Дизајн. „Напојувањето на AirOne ќе биде со водородни ќелии кои исто така ќе ги напојуваат нашите брзи полначи за електрични возила, така што обезбедуваме беспрекорно патување со нулта емисија“.
Моделот на летечкиот автомобил наречен Air Taxi SA-1 , од јужнокорејскиот производител Hyundai Motor Group, во моментов е изложен во хангарот на аеродромот./М.М.