Кид Експо е прв детски саем кај нас. Ќе се одржува на осми и деветти април (сабота и недела), во хотелот Александар Палас, од 10:00 до 19:00 часот. Саемот е во ко-организација на Babyshop.mk и Боттега Евенти.
Според организаторите, идејата на Кид експо е да понуди поинакво искуство за целото семејство и да излезе од рамките на класичен саем.
Под еден покрив ќе се најдат внимателно одбрани изложувачи кои имаат одлични и квалитетни производи за децата: од оние за едукација и игри, облека и додатоци, играчки, опрема и мебел, здравје и козметика, до храна и пијалоци. Освен изложбено-продажните штандови, на Кид Експо ќе биде организиран и Ринг со креативни и спортски работилници, концерти и претстави на Големата сцена, едукативни и интересни предавања за родителите и за децата. Дел од изложувачите на производи или услуги на самите штандови ќе имаат свои интерактивни претставувања.
Пријавувањето за креативните работилници ќе биде овозможено преку веб страната www.kidexpo.mk, неколку дена пред настанот. Доколку за некоја креативна работилница нема доволен број на пријавени, на самиот настан ќе имаме пулт за пријава.
Влезниците можат да се купат онлајн по цена од 200 денари, или, на влезот на саемот, по цена од 250 денари. За деца под две години, влезот е бесплатен. Во цената се вклучени сите работилници, спортски активности, предавања, концерти и забава.
Посетителите ќе имаат можност и директно да купат производи од изложувачите, или, да го резервираат производот, зависно од приципот на работа на самиот изложувач./М.М.