Sofie Boons, виш предавач и истражувач по дизајн на накит на Универзитетот на Западна Англија (UWE) во Бристол, разви хемиски процес кој овозможува зголемување на мал фрагмент од вистински рубин.
Медиумите во ОК јавуваат за метода која овозможува умножување на мал фрагмент од вистински рубин, без да се наруши неговата околина, односно во случај кога скапоцениот камен е дел од нараквица, прстен, ѓердан или некое друго парче накит.
Според првите проценки, станува збор за создавање скапоцени камења кои не би биле вештачки.
Sofie Boons ги земала парчињата што останале од обработка на рубинот. За разлика од рубин целосно одгледан во лабораторија, или, скапоцен камен ископан од земја, овие рубини се одгледуваат во печка, од парчиња отпаден материјал и потребни се само неколку дена да „пораснат“.
Инаку, Проектот на одгледување на рубин е дел од докторска теза на Sofie Boons и има обезбедено финансии за втората фаза во која истражувањето се приклучи и Универзитетот во Бристол за проектот да се прошири на одгледување на други видови скапоцени камења./М.М.