Денес се отвори Ист Гејт Мол, инвестиција на Балфин Групацијата (Balfin Group), вредна над сто милиони евра, изградена за рекордни 26 месеци, како дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт.

Ист Гејт Мол се простира на пет нивоа, има над 57.000 метри квадратни малопродажен простор и 2.000 паркинг места. По денешниот прв ден, се проценува дека годишно во трговскиот ќе престојуваат – купуваат и се забавуваат, околу 12 милиони посетители.

Трговскиот е со богата и разнообразна содржина, од околу 220 глобални, големи и регионални брендови, во повеќе категории: од мода, се за домот, електроника, кафулиња и ресторани, до забава за деца и кино.
Светските малопродажни групации , како Индитекс, ЛПП и „Fashion Group“ доаѓаат со целосно портфолио.
Дел од тоа портфолиото на „Fashion Group“ е и омилениот бренд за козметика – Kiko Milano. Hugo Boss освен машка, претставува и женска колекција, составена од внимателно одбрани парчиња за есенва и претстојната зима. Mango е присутен освен со женска и со машка и детска колекција. Присутен е и новиот бренд за софистицирани мажи – Dan John, како еден од омилените кај италијанците.

Од познатите брендови овде се и: Armani Exchange, Babor Cosmetics, Calvin Klein, Dsquared2, Fashion & Friends, Massimo Dutti, Sinsay, XYZ, Oysho, The Athlete’s Foot, Parfois, Twinset, Patrizia Pepe , Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Tinex иTinex Cosmo, Pandora, De Facto, Madame Coco, Prenatal, Rebecca, Reserved, Okaidi, Springfield, Timberland, Zara i новата кај нас Zara Home.

Освен локацијата и уникатните брендови, Ист Гејт Мол е импресивен по елегантните излози и продавници, пространите плоштади, кафулињата и ресторани. Мултифункционалните простори со разнообразни содржини ветуваат дека исто како и денес и од утре Ист Гејт Мол ќе биде атрактивен центар за граѓаните на Скопје и сите посетители од земјата и соседството./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.