AirX, новата маска за лице од Виетнам преку компанија со седиште во Канада, се промовира како „првата маска за кафе во светот“. Компонентата за кафе во маската за кафе AirX се појавува во две форми: предиво од кафе со употреба на „Powerknit технологија“ ,која ја сочинува самата маска, како и биоразградлив вметнувач на филтерот за воздух од кафе, направен со „N95 / FFP2“, подготвен за употреба во Виетнам и во целиот свет.
Кафе-маската не е само за еднократна заштита. Новата и подобрена верзија на маската може да биде прилагодена за брендирање на лого на компанијата, лични апликации и нови бои. Таа е и AirX: eco-friendly, како и eco-fashion. Покрај тоа, на маските за лице AirX е додаден држач за метален мост што може да се свитка, за да се затегне областа на носот , со употреба на технологијата PowerKnit и FlexKnit.
Заменлив био-базиран филтер е AATCC 100 сертифициран од QUATEST 3, модифициран со респиратор за медицински степен N95, е дел од маската и е веќе применет во европските земји. AirX е N95 маската е со тројни антибактериски слоеви на заштита. Надворешните и внатрешните слоеви се плетени од предиво од кафе со употреба на технологијата PowerKnit, обезбедуваат удобно вклопување, но и мекост, за чувствителната кожа. На средина е патентираниот филтер за маска за лице направен од кафе, додека маската може да се пере и може да се користи повеќекратно. Деталите се на: About AirXcoffee – www.airxcoffee.com
Пандемијата КОВИД-19 доведе до ново, постојано носење маски за лице, како дел од превентивните мерки на владите против смртоносниот вирус. Промоцијата на носење маски доведе до зголемување на производството на маски за еднократна употреба.
Студија во Велика Британија цитирана од Светскиот економски форум (СЕФ) покажа дека ако секоја личност носеше маска за лице за една употреба дневно за една година, тоа ќе создаде дополнителни 66 000 тони контаминиран отпад и 57 000 тони пластична амбалажа./M.M.