Почина дизајнерот Virgil Abloh, основач на Off-White и уметнички директор за машките колекции на Louis Vuitton. Имаше 41 година и ја загуби повеќегодишната битка со канцерот, која ја држеше далеку од очите на јавноста.

LVMH со tweet објави фотографија на Abloh и соопштение на Bernard Arnault, директорот на LVMH.
„LVMH, Louis Vuitton и Off White со неизмерна тага објавуваат дека почина Virgil Abloh. Сите сме шокирани по оваа страшна вест. Virgil не беше само генијален дизајнер, визионер, тој беше и човек со прекрасна душа и голема мудрост. Семејството LVMH ми се придружува во овој момент на голема тага и сите мислиме на неговите најблиски“./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.