Почина Paco Rabanne, деценискиот виртуоз на индустриската мода. Имаше 88 години. Веста ја потврди Puig. Длабоко сум тажен поради смртта на г-дин Paco Rabanne. Историјата на Puig и на Paco Rabanne Пуиг започна во доцните 1960-ти со лансирањето на Calandre, се вели во соопштението на претседателот и извршен директор Marc Puig. „Неговата мода беше смела, револуционерна и провокативна визија, пренесена преку единствена естетика. Тој ќе остане важен извор на инспирација за тимовите за мода и за парфеми на Puig, кои континуирано работат заедно за да ги изразат радикално модерни кодови“.

Rabanne стана познат како кутуриер во текот на 1960-тите, создавајќи футуристичка облека од метал, хартија и пластика. Надреалист, чии дизајни од вселената и апокалиптичните теории беа неортодоксни, Rabanne ќе биде запаметен заедно со Emanuel Ungaro, Yves Saint Laurent и André Courrèges како мајстор кој помогнал во модернизацијата на високата мода.
Роден во 1934 година во баскискиот град Пасајес, Шпанија, раното детство на Rabanne беше обележано со шпанската граѓанска војна. Неговиот татко, член на републиканската армија, бил погубен од фашистичкиот режим на Франко. Кога имал три години, неговата мајка, која работела како главен шивач за Cristóbal Balenciaga, во неговото прво ателје во Шпанија, го преселила семејството во Париз.

Rabanne студирал архитектура во Париз на École des Beaux Arts 12 години, фасциниран од индустрискиот дизајн и пластиката. Оттаму почнал да дизајнира накит и копчиња који им ги продавал на Balenciaga, Elsa Schiaparelli и Hubert de Givenchy.
Rabanne го направи своето деби на француската модна сцена, претставувајќи ја колекцијата насловена „Манифест: 12 неподносливи фустани во современи материјали“. Колекцијата се покажа верна на своето име, со облека изработена од правоаголни и квадратни алуминиумски плочи споени со метални прстени, додека други беа изработени од пластика и хартија. Ревијата ја шокираше и воодушеви модната индустрија.
Облеката денес залажува – го прикрива и го затрупува човечкото тело“, изјави Rabanne за Њујорк Тајмс во 1967 година. Јас сум еден од најкласичните креатори на модата./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.